Семејство
Половина од нашите стари сорти се загубени
- МИМОЗА ПЕТРЕСКА ГЕОРГИЕВА
Не може да стане збор за грижа за сопствените идентитетски референции без грижа и за биодиверзитетот што го евидентираат и чуваат токму ген-банките - вели
Сузана Кратовалиева,
доктор на биолошки науки и координатор на македонската ген-банка при Земјоделскиот институт. Таа предупредува дека и покрај исклучителниот квалитет, голем дел од македонските традиционални сорти се во процес на исчезнување
Лајф:
Која е основната функција на ген-банката?
Сузана: Ген-банките се формираат со цел да се заштити биолошкиот диверзитет, разновидноста на флората на една земја. Кај нас активности за колекционирање на семиња се забележани уште од 70-тите и 80-тите години. Но тоа било спорадично, од поединци кои покажувале некаков интерес, претежно научен кадар. Пред пет години и во Македонија се формира ген-банка по сите пропишани светски стандарди.
Сузана Кратовалиева, доктор на биолошки науки
Често ќе чуете приказни дека некоја невеста, кога се омажила, донела некое семе од мајка и и татко и,...
...што значи дека тоа семе со генерации се чувало во тоа семејство и понекогаш може да се најде само на тоа место.
Во ген-банка имаме околу 2.200 разни семиња
Ако историските артефакти претставуваат дел од идентитетот на една држава, исто така и биодиверзитетот,...
...а посебно агробиодиверзитетот го сочинува нејзиното традиционално богатство
Лајф:
Со колкав број различни сорти располагате?
Сузана: Во нашата ген-банка имаме околу 2.200 разни семиња. Одбравме еден економски исплатлив и мошне ефикасен начин на чување кој подразбира конзервирање на минус 20 Целзиусови степени во форма на семе. Овој материјал може да се одржи и повеќе од 50 години со мошне добра кондициона способност за 'ртење и давање живо растение. Постои и колекција на овошни видови на винова лоза кои се конзервирани на поле. Тоа се колекции што се наоѓаат на локалитетот Долно Лисиче. Тука не се само македонски сорти, туку и воведени, но со текот на годините и процесот на адаптација тие се сметаат за локални популации.
Република Македонија како мала земја располага со повеќе од 3.700 разни растителни видови.
Зборуваме за житни култури, култури за исхрана на добиток, винова лоза, овошни, медицински, ароматични растенија, индустриски култури како кикиритките, сусамот, наутот, рицинусот, сончогледот...
Повеќе во 45 број на
LiFE
магазин