Здравје

Уметноста на живеењето

Art of Living (Арт оф ливинг) е една од поголемите светски волонтерски организации, базирана на хуманитарни активности реализирани во соработка со Обединетите нации и Светската здравствена организација. Основач и идеен творец е Неговата Светост Шри Шри Рави Шанкар, чија практично применлива мудрост трансформира милиони луѓе на планетава. Низ различни курсеви и едукации, Фондацијата е присутна во над 157 земји од светот, а нејзините програми ги минале повеќе од 50 милиони луѓе. Од пред две години Фондацијата е присутна и во Македонија, со чиј представник, Теодора Костовска, „арт оф ливинг“ учител, и разговаравме

Силвана БРКУЉАН

Лајф:Во што се состои мудроста на „арт оф ливинг“?

Теодора: Живот без стрес и насилство, ако е тоа мудрост. Повеќе би рекла визија. Да живееш среќен и здрав живот, ослободен од стрес е човеково право. Да си слободен и ослободен од стресот е право што е стекнато со раѓањето. Потоа, како што растеме, како што осознаваме, кога започнува да влијае општеството и образовниот систем, нормите и слично, искуствата велат дека истите се повеќе „загадувачи“ во однос на правилните насоки на вредностите што се вечни.


Теодора Костовска, „арт оф ливинг“ учител,

Art of Living (Арт оф ливинг) е една од поголемите светски волонтерски организации, базирана на хуманитарни активности реализирани во соработка со ОН и СЗО

Нашиот здив е наш природен инструмент, кој ни е даден за да го насочуваме стресот.

Лајф: Каква е почвата кај нас да се прифати приказната и вистинска примена на „арт од ливинг“?

Теодора: Времето во кое живееме и динамиката на сето она што се случува во макроамбиентот, се разбира, не ја заобиколува и Македонија. Колкав е нашиот праг на издржливост, толерантност, знаење, особено колку си дозволуваме право да си се посветиме себеси е субјективен момент и тоа е одделно - кој како го чувствува ова невреме во кое живее. А стресот е евидентна работа. Статистиката на СЗО дава фрапантни податоци за зголемени мозочни удари, на пример, и тоа на луѓе на млада возраст. Тоа не е случајно. Да не зборуваме за инфарктите и рапидното влошување на здравствената состојба на поединецот. Кога и класичната медицина ќе дојде до ќор-сокак, нештата ги припишува како психосоматски симптоми. Во нив секако стресот е најголемиот причинител. Доколку работите ги погледнеме на клеточно ниво, самиот стрес во организмот прави спазма. Спазматичноста значи бескислородна клетка. А кога клетката е долго без кислород, таа е неупотреблива и како таква создава исто такви неупотребливи клетки и така се создаваат ткива за кои јогините знаат да речат дека се без прама, односно без животна енергија.

Повеќе во 45 број на LiFE магазин