|
Само прашање беше кога отпечатокот што во култната средба го разоткри култниот Тед Хјуз ќе го покаже својот јасен лик.
Но секако беше потребно време да се обележат посебните датуми, „сублимирани детали на животот на психата“ за „Од другата страна на животот“, најновата книга на Ирена Павлова Де Одорико, да се изроди како огромно дете што “ припаѓа на „ѕвездената генерација“
|
Како дипломиран теолог и магистрант по историја, господин Рамадан Рамадани во целата оваа прашина што се крена околу градежничките зафати во главниот град, инсистира на важноста на заедничката почва на која се испреплетуваат нишките на историите на градот, укажувајќи дека мора да правиме разлика меѓу она што е на сите, она што е само на некои и она што е – ничие...
|
Словачка е успешна приказна за Македонија
Н.Е. Роберт Кирнаг, амбасадор на Република Словачка во Македонија, благодарен ù е на Македонија што направи добра инвестиција во централна Европа, каде што светите Кирил и Методиј го рашириле писмото и религијата. Иако добро се снаоѓа со македонскиот јазик, се труди да го подобри, за подобро да комуницира со своето двегодишно синче кое, како што вели амбасадорот, сонува на македонски
|
Пред извесно време, покрај владиниот извештај, во Женева беа разгледувани седумте алтернативни извештаи од Македонија изработени од невладини организации за правата на детето. Еден од авторите на тие алтернативни извештаи е и Центарот за психосоцијална и кризна акција, чиј директор е Лина Ќостарова Унковска. Според неа, состојбата со правата на детето во Македонија е алармантна поради нивното втопување во повеќе изолирани закони кои меѓусебно не комуницираат, поради традиционалното поимање на семејството, но и на детето, кое се гледа како наивно и безлично суштество што треба да порасне за да почнеме да го почитуваме
|
Сфаќајќи ја сè повеќе потребата од идеалот на здравото хармонично тело, човештвото денес потрагата по врвнaта добродетел главно ја базира на две навидум спротивставени струи: брзиот раст на современата медицина и откривањето и преоткривањето на алтернативните методи на излекување. Јасната критична свест, пак, би можела да насети дека сознанијата упатуваат на затворање на кругот. Интегрирана медицина. Едното како потврда на другото. Напорите на Олга Арбулјевска, која се занимава, по сила на даденото, со единствен вид исцелителство, одат токму во таа насока
|
|
Тангото е сензуалната страна на живеењето