Здравје
Исцелителна моќ на уметноста
Сфаќајќи ја сè повеќе потребата од идеалот на здравото хармонично тело, човештвото денес потрагата по врвнaта добродетел главно ја базира на две навидум спротивставени струи: брзиот раст на современата медицина и откривањето и преоткривањето на алтернативните методи на излекување. Јасната критична свест, пак, би можела да насети дека сознанијата упатуваат на затворање на кругот. Интегрирана медицина. Едното како потврда на другото. Напорите на Олга Арбулјевска, која се занимава, по сила на даденото, со единствен вид исцелителство, одат токму во таа насока
Преку своето искуство на создавање единствени исцелителни слики (единствен пример досега познат), таа ја поставува теоријата на енергетскиот код. Енергетскиот баланс што се прави со помош на сликите би можел да се објасни со новите сознанија од квантната медицина. Се работи за извор на еманација на енергија која го реставрира ен-кодот. Сликите настануваат во допир со биополето на пациентот, отсликувајќи го неговиот код кој раководи со автоматските функции на организмот.
Олга Арбулјевска
Откровенијата на Олга се базирани на тоа дека ние не сме само физичко тело, туку и енергетско
Сликите немаат никакви уметнички претензии. Јас не сум сликар, тоа е сликање по автоматизам.
Кога ќе се влезе во енергија, раката сама, раководена од таа енергија, ја следи енергијата на тој што се исцелува
Сфаќајќи ја сè повеќе потребата од идеалот на здравото хармонично тело, човештвото денес потрагата по врвнaта добродетел главно ја базира на две навидум спротивставени струи: брзиот раст на современата медицина и откривањето и преоткривањето на алтернативните методи на излекување. Јасната критична свест, пак, би можела да насети дека сознанијата упатуваат на затворање на кругот. Интегрирана медицина. Едното како потврда на другото. Напорите на Олга Арбулјевска, која се занимава, по сила на даденото, со единствен вид исцелителство, одат токму во таа насока Преку своето искуство на создавање единствени исцелителни слики (единствен пример досега познат), таа ја поставува теоријата на енергетскиот код. Енергетскиот баланс што се прави со помош на сликите би можел да се објасни со новите сознанија од квантната медицина. Се работи за извор на еманација на енергија која го реставрира ен-кодот. Сликите настануваат во допир со биополето на пациентот, отсликувајќи го неговиот код кој раководи со автоматските функции на организмот. Во основата на биосакралното исцелителство е божествена енергија. Не е повеќе тајна дека сите живи суштества се врзани. Ние се раѓаме како Божји деца. Сите сме поврзани со апсолутот, и кога се раѓаме , се раѓаме со програма да бидеме здрави. Но со текот на животот се случуваат извесни дисхармонии со внатрешниот и надворешниот свет, односно нарушување на некои енергетски текови кои понатаму резултираат во болести. Откровенијата на Олга се базирани на тоа (она што всушност го има и во древната кинеска медицина или во индиската филозофија) дека ние не сме само физичко тело, туку и енергетско. Тоа го докажува и современата квантна медицина. Веќе се сликани и докажани постоењето на аурата и еманации на енергетското поле. Она што се случува со сликите, начинот на кои тие исцелуваат доаѓа преку рецепција на определена фреквенција на определена боја во сликата. Но тоа сепак се разликува од хромотерапијата - лекување со бои. Овде е тоа раководено од сопствениот енергетски код, од повеќе енергетски симболи, кои и можат да се детектираат, зашто постојат одредени апаратури - изумени се и биохом и магнетни резонанции, па можно е да се снимат овие енергетски облици кои, всушност, укажуваат на некои нарушувања во организмот и чии корективи се прават во сликите. Луѓето што еднаш го искусиле тоа искуство, кое и не е секогаш болест, постојано се навраќаат на сликите. - Ако се наиде на одредена пулсација која укажува, на пример, на аномалија на работата на срцето, поинаков тип на пројавување, имам способност емпатиски да го примам и на некаков автоматски начин го насочам правилно во одреден симбол што ќе се најде во сликата… Повеќе во 46-от број на LiFE магазин
Во основата на биосакралното исцелителство е божествена енергија. Не е повеќе тајна дека сите живи суштества се врзани. Ние се раѓаме како Божји деца. Сите сме поврзани со апсолутот, и кога се раѓаме , се раѓаме со програма да бидеме здрави. Но со текот на животот се случуваат извесни дисхармонии со внатрешниот и надворешниот свет, односно нарушување на некои енергетски текови кои понатаму резултираат во болести. Откровенијата на Олга се базирани на тоа (она што всушност го има и во древната кинеска медицина или во индиската филозофија) дека ние не сме само физичко тело, туку и енергетско. Тоа го докажува и современата квантна медицина. Веќе се сликани и докажани постоењето на аурата и еманации на енергетското поле. Она што се случува со сликите, начинот на кои тие исцелуваат доаѓа преку рецепција на определена фреквенција на определена боја во сликата. Но тоа сепак се разликува од хромотерапијата - лекување со бои. Овде е тоа раководено од сопствениот енергетски код, од повеќе енергетски симболи, кои и можат да се детектираат, зашто постојат одредени апаратури - изумени се и биохом и магнетни резонанции, па можно е да се снимат овие енергетски облици кои, всушност, укажуваат на некои нарушувања во организмот и чии корективи се прават во сликите. Луѓето што еднаш го искусиле тоа искуство, кое и не е секогаш болест, постојано се навраќаат на сликите.
- Ако се наиде на одредена пулсација која укажува, на пример, на аномалија на работата на срцето, поинаков тип на пројавување, имам способност емпатиски да го примам и на некаков автоматски начин го насочам правилно во одреден симбол што ќе се најде во сликата…
Повеќе во 46-от број на LiFE магазин