LIFE
Верските објекти се градат со градежен материјал - љубов
Како дипломиран теолог и магистрант по историја, господин Рамадан Рамадани во целата оваа прашина што се крена околу градежничките зафати во главниот град, инсистира на важноста на заедничката почва на која се испреплетуваат нишките на историите на градот, укажувајќи дека мора да правиме разлика меѓу она што е на сите, она што е само на некои и она што е – ничие...
Мимоза Петревска Георгиева
Лајф: Актуелна е иницијативата за обновување на Бурмали џамијата. За каков објект станува збор и кое е неговото значење за пошироката заедница?
Се обидуваме да објасниме дека ова не е никаков „каршилак“ и поради тоа…
Никогаш нема да ги донесеме црквата и џамијата една наспроти друга
Треба по секоја цена да се зачува поврзаноста на историјата на градот, како и да се предвиди регионалниот ефект на тоа што го правиме
Јас лично сметам дека верските објекти се градат по своја сопствена логика и не влијаат премногу едни на други
Рамадан: Ова монументално здание е подигнато од Мехмед-бег во 1495 година. Тоа бил првиот објект на десната страна на Вардар, кој подоцна се урбанизирал –тамошните маала настанале по изградбата на џамијата. Џамијата подоцна претставувала цел комплекс, со училиште, имарет (еден вид народна кујна) и други градби. Ова здание го красело градот сè до 1925 година, кога било урнато од страна на тогашните српски власти. На дел од вакафот на џамијата потоа е подигнат Офицерскиот дом, кој бил првиот урнат објект во земјотресот во 1963 година. Имало многу случувања и докази од прва рака, од сè уште живи скопјани, муслимани и немуслимани, кои раскажуваат за таа убавица на градот, но и за перипетиите за и околу нејзиното уривање. Од неможноста на градење врз нејзините темели, па сè до прекинување на дипломатските односи со тогашната млада Република Турција. Зборуваме за објект кој е толку многу присутен во разгледниците на Скопје од тоа време, со големи и ретки архитектонски вредности како што е минарето во вид на бурма, но и пренесувањето на селџучките карактеристики на градба кои биле реткост во отоманската архитектура на Балканот.
Лајф: Оваа иницијатива дојде некако истовремено со идејата за обновување на црквата „Св. Константин и Елена“ на плоштадот. Поради експлицитното временско преклопување, ова многумина го читаат како реваншизам...
Рамадан: Иницијативата за изградба на Бурмали џамија е многу стара. Поголем дел од јавноста не ни знае дека таа датира од првите години на независноста на Македонија. Ние како невладини организации се повикуваме на официјалната иницијатива на ИВЗ од април 2007 година, речиси една година пред идејата за градење на црквата на плоштад. Се обидуваме да објасниме дека ова не е никаков „каршилак“ и поради тоа никогаш нема да ги донесеме црквата и џамијата една наспроти друга. Но тоа што се случи за и околу плоштадот од 2008 година и наваму секако придонесе и нашата иницијатива да добие во сила. Јас лично сметам дека верските објекти се градат по своја сопствена логика и не влијаат премногу едни од други. Освен онаму каде што има политика, а тоа му се враќа како бумеранг на секој верски објект. На крајот останува празен бидејќи основниот градежен материјал и мотив за негово подигање е - љубовта. Не се гради ни од инает ни заради чалам.
Повеќе во 46-от број на LiFE магазин