LIFE

Интервју со словачкиот амбасадор во Македонија, Н.Е. д-р. Роберт Кирнаг

Н.Е. Роберт Кирнаг, амбасадор на Република Словачка во Македонија, благодарен ù е на Македонија што направи добра инвестиција во централна Европа, каде што светите Кирил и Методиј го рашириле писмото и религијата. Иако добро се снаоѓа со македонскиот јазик, се труди да го подобри, за подобро да комуницира со своето двегодишно синче кое, како што вели амбасадорот, сонува на македонски

 

Лајф:В.Е., кога е отворена словачката амбасада во Македонија?

Д-р. Роберт Кирнаг: Бев прилично среќен што ја имав таа можност да дојдам во Македонија и да ја поставам новата амбасада. Прво, пристигнав во декември 2008, на десет дена, за да се сретнам со министерот и да му ја доставам мојата акредитација. Разгледав два објекта на улицата Будимпештанска во Тафталиџе. Потоа на 10 јануари 2009 година се вратив со мојот син. Тогаш се отвори канцеларијата на амбасадата на Република Словачка во Скопје. Така почнавме. Десет дена подоцна, мојата сопруга Ингрид, исто така професионален дипломат со помалиот Ернест, ни се придружија. И на 25 јуни 2009, за време на официјалната посета на министерот за надворешни работи, г. Мирослав Лајчак, инаку поранешен Словачки амбасадор во Македонија, но со седиште во Белград, официјално ја отвори амбасадата. Така ние го зголемивменашето представување- од ниво на канцеларија, на ниво на амбасада. Вообичаено зад секоја успешна работа стои и успешен тим. Во нашата заедничка мисија, многу ни помагаат нашите двајца млади македонски соработници-правничката Сандра и политикологот Станислав.

Н.Е. д-р. Роберт Кирнаг, амбасадор на Република Словачка во Македонија

Културата е нешто што расте од корените, од историјата, од условите од кои државите и луѓето се развиваат. Ние имаме заедничка историја.

Скопје е поинакво, Скопје тешко да ви влезе во срце преку неговата архитектура, изградена по земјотрес во 1963 година.

Низ истите нешта поминуваме, не само во економски туку и во културниот развој. Треба да ги споделиме наште искуствата.

 

Лајф:За овој период, неколкупати имате дадено изјава во медиумите на македонски јазик. Колку време Ви беше потребно да го научите македонскиот јазик?

Д-р.Роберт Кирнаг: Ги имаме истите учители: светите Кирил и Методиј. И имаме не само слични јазици, но и многу добро разбирање. Јас не учев македонски на некој специјален курс. Живеам тука и мислам дека треба да научам македонски, за подобро да ги разберам луѓето и да комуницирам што е можно повеќе на македонски, исто така и на медиумите. Но мојот македонски јазик е далеку од совршен. Токму поради сличностите на нашите јазици. Можам да забележам колку многу грешки правам и можам да ја видам длабочината на она што навистина не го знам.

 

Да бидам искрен, моето љубовно писмо на македонски не би било совршено. Мислам дека само тој што може да напише убаво љубовно писмо, само за тој може да се каже дека навистина го зборува јазикот, бидејќи секогаш со јазиците се поврзани историјата, емоциите, културата.

 

Исто така и дома, ова за мене почна да станува сè поважно и поважно, бидејќи пред осум месеци мојот син почна да оди во македонска градинка. Мислам дека понекогаш дури и сонува на македонски. Понекогаш го прашувам нешто на словачки, секако дека сè ме разбира, но ми одговара на македонски. Така што ќе мора да го подобрам мојот македонски за подобро да комуницирам со синчето, кое има само две години. Веројатно поради тоа што јас и мојата жена и постариот син му зборуваме на словачки, тој ќе стане билингвален. Сега ги меша двата јазика. Но мислам дека на три, три и пол години јасно ќе ги разликува двата јазика. И тоа е нешто што за него е предност. Ќе биде во можност навистина да ја разбере душата на Македонците.

 

Повеќе во 46-от број на LiFE магазин