LIFE
Срмата на Роса скротена во пеперутката на Деребан
Токму поради тоа што вели дека нејзината пеперутка од срма ја издвојува од другите жени што изработуваат слики од овој конец, одлучивме во овој број на Лајф магазин да се запознаеме со скопјанката Роса Маневска
По вокација е правник, но нејзината професионална кариера пред пет години започнува да се движи во сосема друг правец, кога преку една телевизиска емисија се запознава со изработката на слики од срма. За Роса Маневска во почетокот тоа било само љубопитство и хоби, а денес срмата ù е единствена професија. Единственото нешто што во моментов ù недостига за сето тоа да изгледа професионално, се пожали таа, е ателје во кое ќе ги изработува и продава своите слики.
Се гордее со своите слики од срма што красат голем број домови кај нас и во целиот свет, како и амбасади и канцеларии на дипломати, а не заборави да ни се пофали и дека една нејзина пеперутка ја краси хациендата на познатата Лепа Брена.
Како ракотворец, Роса досега има изработено над педесет мотиви
„Многумина ми велат дека мојата пеперутка има душа“
Срмата е дива
Уметноста е во лизгањето на срмата, мора да биде мазна, да нема многу прекини и сечење
Предизвик да ги исплете од овој конец ù претставува и борбениот шлем и ковчегот на Филип Втори
Најчесто работам со тивка музика, а внесувам многу љубов и трпение.
Како ракотворец, досега има изработено над педесет мотиви, од кои вели дека најкарактеристична ù е пеперутката на филигранистот Вангел Деребан. - Многумина ми велат дека мојата пеперутка има душа - вели Роса. Ние ја запрашавме како ја изработува.
- Прво, ја пренесувам сликата на хамер, ја цртам со молив. Потоа почнувам да го правам телото. Ги ставам контурите и почнувам од надворешната страна на пеперутката, па одам во внатрешната страна. Она што е карактеристично за мене е тој филигран, тоа мотање и украсувањето со циркони во внатрешниот дел, каде што се раширени крилата. Во природата секогаш пеперутките ми светнуваат, не знам дали од росата, но секогаш пуштаат по некој зрак. Тоа сакам да го доловам. Тоа нивно треперење - ни открива Роса.
Роса ја изработува пеперутката во дванаесет бои од кои, вели, најбарани се сребрената, златната и тиркизната. Уметноста и креативноста во оваа работа Роса ја гледа во водењето на срмата, односно во нејзиното скротување
Повеќе во 46 број на LiFE магазин