Здравје
Постојано сонувам победа
Тој е од оние што полнокрвно и безрезервно го живее својот сон. Сонот на спортист. Токму затоа Горан Карамфилоски, кру (титула на мајстор во тајладски бокс) и може да се пофали со долга и повеќе од успешна кариера
Тренира од најмали нозе и „лошите“ семејни приказни за успех и неуспех, за тоа дека - твојот дедо бил еден од најјаките луѓе и победил во турнирот на пеливани во Анадолија, веројатно се најголем виновник за неговиот сон. Или можеби е тоа едноставно нешто што се носи во крвта. Како и да е, тоа е едноставно негов начин на живот и поинаку, вели, не би можел да се прифати себеси.
кру е титула на мајстор во тајландски бокс
Потенцијалите во Македонија се големи, со оглед на тоа што сегашните тренери се млади луѓе што имаат многу да дадат од себе…
и луѓе што имаат искуство во ринг, а не промашени каратисти или промашен кунг-фу мајстор…
… кој единствено заради профит си прави семеен бизнис.
успешна одбрана во извлекување од директ со задната рака, контролирана дистанца со можност за противнапад
одбрана од удар во нога, т.н. low kick
карактеристичен за таи-боксот е клинчот, -овде со влечење се создава ситуација за удар со колено, а противникот се обидува да се извлече
умешноста не е само во тоа да се извојува победа, туку и на каков начин ќе се изведе тоа
На 6,5 години почнува да тренира карате. Сè до 14-тата. Но многу повеќе го привлекува директниот контакт во боксот. Во каратето станува најмладиот црн појас во Европа, најмладиот шодан, во конкуренција со Јапонец од самурајско семејство, со кого се натпреварува кој побрзо ќе ги земе појасите. Потоа се нижат победи од европско и светско првенство. Но: - Во каратето ми беше симпоматично прашањето каква е таа борба во која судијата треба да каже кој е победник. Се преориентирав на бокс, кој во тоа време на СФРЈ беше еден од најфаворизираните спортови, но и еден од оние со силна конкуренција, особено за некој што доаѓа од Mакедонија – вели тој за својот избор.
Полесно е да се успее надвор отколку во сопствената земја
Првиот контакт со таи-боксот доаѓа преку старите контакти од каратето. Со организирање меѓусебни борби се печалеше и искуството, кое подоцна во Златната лига многу ќе му помогне .
- Постојано бев во потрага по нови искуства и одев секаде каде што ќе разберев дека има некој мастер по карате или кунг-фу. Буквално одев по сите клубови и ги предизвикував добрите борци. Всушност, мојот прв настап беше првиот кик-бокс официјален натпревар одржан во Европа. Сепак, мојот настап не беше официјален, зашто беше предборба на мечот меѓу Доминик Валера и Вјекослав Шафраниќ. Оттогаш и почна да се гради кик-боксот како спорт. Имињата што тогаш се оформуваа денес се најпознатите во таа сфера. Имав прилика да ги научам начините како да се успее, како се гради кариера. Интересно беше што многу полесно беше да се успее надвор отколку во сопствената земја, што е искуство што го делам и ден-денес. Но, во секој случај, имав убава и долга кариера и денес, на 42 години и практично сум дедо во таи-боксот, затоа што сега практично се натпреваруваат ученици на моите ученици, изминаа 35-6 години од кога започна сè. Од мали години бев учен да станам спортмен и своето знаење постојано го надградував како од науката така и од колегите - вели Горан
Повеќе во 46-от број на LiFE магазин