Само прашање беше кога отпечатокот што во култната средба го разоткри култниот Тед Хјуз ќе го покаже својот јасен лик.
Но секако беше потребно време да се обележат посебните датуми, „сублимирани детали на животот на психата“ за „Од другата страна на животот“, најновата книга на Ирена Павлова Де Одорико, да се изроди како огромно дете што “ припаѓа на „ѕвездената генерација“
Снежана Ј. Богдановска
Лајф: „Пишувајќи за еден внатрешен живот, го отворате сопствениот. Пишујавајќи за туѓата вистина, во суштина, пишувате за вашата вистина“ – велите во книгата „Од другата страна на животот“. Како потврда на впечатокот дека преку исцртувањето на психобиографскиот профил на една од најзначајните современи поетеси, Сивија Плат, го исцртувате всушност своето психобиографско...
Ирена: Тоа е слично како отворање врати. На авторот, особено на жената како автор, т.е. авторка, никогаш не ù е доволна само една врата. За мене и во вратата има друга врата, и во таа уште една... до недоглед... Но, јас не го прифаќам недогледот. Сакам сè да видам или речиси сè. Ќе зборувам од мое име, најлично, најперсонално, најинтимно. Да се говори за сопствениот внатрешен свет е еднакво на ликовен акт. Денес луѓето, дури и во 21 век, имаат страв од разголување, најпрвин пред себе самите, од себе самите, како и страв да не се надмине границата на „пристојноста“ во една исклучително вулгарна цивилизација. Долго се прашував како ли ќе изгледа формата на мојата внатрешна, духовна и емотивна мапа, со сите географски висини и широчини на емоциите, на духот, на душата. Не ме интересираат надворешни, физички податоци за мојот живот.
„Од другата страна на животот“, најновата книга на Ирена Павлова Де Одорико
…и веднаш своеволно влезе во неговата сенка, за да ги напише своите најубави стихови токму кога беше напуштена жена
Таа ноќ, Тед и јас си разменивме соништа, буквално ги бележевме на хартија, ги анализиравме симболите, значењата, смислите.
Како модел ја одбрав Силвија Плат, оти нејзиното дно и нејзиниот врв, во творечка и човечка смисла,…
…е обележан со она што се нарекува „драма“ и „трагедија“
Имам повеќе куќи: едната е на небо, другата на земја, третата во мене
Давид Албахари ќе напише во својот роман ,,Цинк“ дека никогаш не пишувал за ништо друго освен за себе самиот. За да го направам тој израз што поуверлив, решив ,,да ù се обратам“ на една жена, на една поетеса, која не е повеќе меѓу физички живите, но и тоа како е присутна со моќта на словото. Влегувајќи во одаите на нејзиното битие, почнав да пливам и низ сопствените реки, езера, мориња и океани, за да видам како ќе испливам по одредени деликатни патувања и сознанија. Како модел ја одбрав Силвија Плат, оти нејзиното дно и нејзиниот врв, во творечка и човечка смисла, е обележан со она што се нарекува „драма“ и „трагедија“. Сето тоа како екстремен и еклатантен пример што го заведува битието да допатува до некои попрецизни одговори. Силвија Плат беше родена во Америка, во времето на Студената војна, во периодот на макартизмот, кога сите Американци, особено американските жени, мораа да блескаат среде раскош. Силвија беше поинаква, а сепак, сакаше однадвор да покаже некаква друга ,,Силвија“. Живееше среде двојството на нејзиниот душевен ентериер и надворешна перфидна суровост. Имаше австриско потекло: таткото, чија смрт ќе го обележи нејзиниот живот, емигриран од Австрија, беше универзитетски професор. Особено, го изучуваше животот на пчелите, т.н.„Крал на пчелите“. И мајката исто така е родена Австријка, Аурелија Шобер.
Брилијантна во сопствените потенцијали, Силвија го запозна големиот англиски поет Тед Хјуз, нејзиниот колос од соништата, и веднаш своеволно влезе во неговата сенка, за да ги напише своите најубави стихови токму кога беше напуштена жена, со две деца во една англиска куќа во која прокиснуваа таваните, во која славините откажуваа послушност, а децата беа речиси постојано болни. Во ноќта кога сите спиеја, таа ги везеше зборовите како тантела совршен превод на зборот, зборот на сопственото битие. Физичките факти говорат дека Тед ја напушти поради Азиа Вевил, жена-фатум, која практично Силвија и посакуваше потсвесно „да ја создаде“, како што ќе рече во една пригода. За да може да биде величествена во својата поезија. И, сама. Едноставно, отсутна од светот и ингениозна во стихот. Откако „рече сè“, ја стави главата во рерна и отпатува во сопствениот мир, во својата нирвана која толку многу ја посакуваше уште од најраните години, со претходни два обида за самоубиство.
Што има тоа врска со мене, ќе прашате? Јас имам сопруг што ја напушти сопствената земја за да допатува во мојата заради мене, како што вели. Имам и две чудесни деца. Но, не станува збор за надворешните факти на еден живот.
Повеќе во 46-от број на LiFE магазин