Бизнис

Глад за готвење

 

· Златица Петковска

 

Лајф: Како се роди идејата за отворање еден грумански портал?
Методија Христов: Првичната идеја воопшто не беше ваква. „Гурман“ требаше и ќе биде месечен магазин за храна и готвење како печатено издание. Но, со оглед на економските услови и состојбата во медиумскиот сегмент, ја променивме стратегијата. Едноставно го сменивме редоследот на чекорите. Наместо да чекаме погоден момент за печатено издание, ние идејата ја реализиравме преку овој портал. А читателите ќе решат кога печатеното издание ќе стане наше секојдневие.
Коста Стаматовски: Всушност, целиот проект започна да се реализира по идеја на мојата мајка. И тоа беше доволна искра за да ја разработиме идејата. Решивме таа разработка да биде комплетна и сеопфатна, на еден поинаков начин од досега виденото. Да срушиме определени клишеа за готвењето, според кои тоа го прават само домаќинки, дека мажите не сакаат, не знаат и немаат поим од готвење, дека тоа е здодевна активност што одзема многу време... Едноставно, идејата беше и останува да покажеме дека храната е филозофија, ритуал и важен дел од нашето живеење, исто како што се и дружењето, излегувањето, одењето на работа или имањето хоби. Сè се тоа коцкички што го сочинуваат мозаикот наречен наш живот.
Ненад Николовски: И секако, да не ја заборавиме нашата долгогодишна „зависност“ од магијата на кујната и скопските кафеани.


За жал, поголем дел од Македонците сè уште го перципираат готвењето како едноставно собирање на 1 + 1. Ние сакаме да им покажеме дека е равенка со три непознати. Дека тоа не се само неколку автоматски чекори и постапки што се случуваат на еден мал простор помеѓу работната маса во кујната, шпоретот и трпезариската маса. Според нас, готвењето е најважната споредна работа во светот, а не фудбалот. (Коста)


Повеќе во 40 број на Лајф магазин


Get the Flash Player to see this player.