Семејство
Let`s talk about sex
Бившата уредничка на австралискиот „Космополитен магазин“,
Трејси Кокс, стана најпрепознатливиот сексперт во светот. Нејзиниот позитивен став и вештото, практично објаснување на сексуалните дилеми и проблеми ја направија омилен советник на читателите низ целиот свет кои ги купуваат нејзините „жешки“ книги и ги следат нејзините интернет-колумни. Ако сте гледале некоја од емисиите на Трејси, сигурно сте помислиле дека е пријатна и секогаш пријателски расположена личност, а токму таков впечаток добив и јас по разговорот со неа
:
Кој беше пресудниот момент кога сфативте дека можете да направите извонредна кариера зборувајќи за секс?
Трејси: Кога за „Космополитен“ напишав статија, водич за мастурбирање за жени, што даваше практични упатства, чекор по чекор: стави ги прстите таму и направи го ова и она. Буквално ја водеше жената низ целиот процес, чекор по чекор. Космо доби стотици писма од жени што велеа дека отсекогаш сакале да знаат како да го прават тоа, но се срамеле да прашаат. Повеќето статии за сексот во тоа време беа или премногу експлицитни, во порнографска смисла, или премногу медицински. Следниот напис го посветив на „чекор по чекор“ водич на тема „Како да му дадете одличен орален секс“ и го добив истиот одѕив. Токму тогаш си помислив, изгледа никој друг не го прави ова. Јас имав библиотека со стотина книги за секс што ги консултирав за мојата „Прашање - одговор“ колумна и ниту една не беше совршена. Па така сфатив каква книга би сакала да прочитам. Ја напишав мојата прва книга „Жежок секс: како да го добиете“ и сè почна оттаму...
|
Заклучоци од книгата „
Секстази“
|
|
Во 20-тите:
-
Тој
не може да престане да мисли на
секс.
-
Таа
има сексуални фантазии или се
прашува дали е бисексуална.
-
Сите експериментираат со нови пози.
-
Само 10 % од луѓето имале секс во тројка, а повеќето од нив тоа го
направиле околу 20-тата година
|
|
Во 30-тите:
-
Речиси сите имале секс во природа, во кола и под туш.
-
Таа има неколку геј-пријатели –
шведско истражување открива дека жените и хомосексуалните мажи се согласуваат
бидејќи имаат симетрични мозоци, а мажите и хомосексуалните жени имаат
асиметрични мозочни хемисфери.
-
Ќе имате деца, а сексуалниот живот ќе го вратите во нормала по две години.
-
Таа
ќе доживува повеќе оргазми – 90 % од жените над 30 години редовно имаат
оргазми, наспроти само 23 % од помладите жени.
|
|
Над 40-тата:
-
Повеќе од половина мажи имале проблем со ерекцијата.
-
Речиси половина од популацијата била неверна.
-
Веројатно имате незаштитен секс – последнава деценија полово преносливите
болести кај популацијата над 45 години двојно се зголемиле.
-
Иако поретко имате секс, квалитетот е далеку подобар отколку порано.
|
Златица Петковска
Повеќе во 39-от број на Life магазин