Патуваме

Врело – длабоко сино

- Хај, Џиџи!
- Се надевам дека е сè ок кај вас.
- Време е да ја завршиме организацијата околу нашата експедиција!
- Те молам, за имињата на луѓето што доаѓаат со тебе...
- Ќе побарам покана од нашите македонски пријатели веднаш штом ќе стигнам.
- Јас годинава ќе се обидам да се симнам до 120 м (и да направам простор за тебе).
- Верувам дека твојата желба е некаде меѓу 150 и 200 метриJ.
- Ние ќе се задржиме во собата Пеони, со Киро, Никола и Васил, за да го истражиме сувиот дел од галеријата (не чекаат уште од 2000-та!).

Ова е дел од имејл-преписката меѓу Марк Вандермулен, Луиџи Касати (Џиџи) и уште девет спелеонуркачи од Белгија, Италија и Франција, дел од тимот на специјално подготвена и организирана експедиција, која од 1 до 15 август годинава ќе работи на проектот „Врело“. Приказната не е нова, но не е ниту завршена.

Врело          


Истражувањето на подводната пештера Врело започна во август 1995 година. Продолжи по пет години кога спелеонуркачите успеаја да влезат на 427 метри во хоризонтала со благ надолен пад во вертикала од 67 метри. За помалку упатените, се работи за „врело“ (вруток) што се наоѓа во непосредна близина на уредената пештера за туризам, пештерата Врело. Имено, под самата површина на водата, на 7 метри длабочина, се наоѓа отвор ориентиран кон југ од кој излегува силен подземен водоток. Водата од изворот, барајќи излез, по природен пат го отвора влезот, односно излезот на водата.
Возбудата од можното откривање на „подводниот свет“ , огромните простори и достигање на рекордни длабочини, беше прилично „изладена“ кога поради изградбата на патот за ХЕЦ „Св. Петка“, рид од камења беше истуркан токму тука... пред отворот на пештерата.
Материјалот што паѓал буквално го затворил целиот отвор. Некогашниот влез со големина од 4 метри е стеснет на „мали“ 70 сантиметри. Лани, со многу напори еден нуркач успева да се протне меѓу блоковите, кои секој миг може да се урнат. Во исчекување на пристигнувањето на спелеонуркачите од Белгија, Италија и од Франција, спелеолошкото друштво „Пеони“ бара начини и средства да се отстранат блоковите и да се прошири отворот, за всушност да се реализира нуркачката експедиција од која годинава многу се очекува. Зошто, всушност, тие доаѓаат?

Силвана БРКУЉАН

ПОВЕЌЕ ВО 39-от БРОЈ НА ЛАЈФ МАГАЗИН