Здравје

МЕДОМАСАЖА - највкусната терапија за тело

· Рената ПЕЈКОВСКА, медотерапевт-масер

 

Денес на голема врата повторно се враќаат старите техники на лекување и воспоставување баланс меѓу телото и духот, кои во комбинација со природните лекови даваат уште подобри резултати.

Медот е едно најдобро природно лекарство со непроценлива вредност било како храна или како лек. Колкава ли лековита сила има во таа добро позната жолтеникава течност со толку пријатен мирис и вкус!

Со својот квалитет и широка лепеза лековити својства, медот има голема терапевтска полза. Пчелниот мед сосема одговара на високите стандарди во храната за која Хипократ рекол: Нека лекот ви биде храна, а храната лек.

И не само медот туку и сите пчелни производи - восок, прополис, матичен млеч, поленов прав, пчелин отров, имаат голема улога во одржувањето на здравјето на луѓето.

Кои состојки медот го прават средство со силно лековито својство?

Секоја капка мед содржи повеќе од 100 различни многу важни супстанции за функционирање на човековиот организам. Во неговиот состав влегуваат: вода, јаглеродни хидрати, малтоза, белковини, органски киселини, лактин. Медот содржи и ферменти, многу важни минерали и микроелементи, органски киселини, витамини, протеини, хормони, антибиотици, како и биостимулатори.

Познато е дека старите народи во медот конзервирале месо, овошје и зеленчук, а користен е и за мумифицирање и балсамирање на луѓето.

Но во овој случај ќе ви откријам како тој може да се искористи со аплицирање врз нашето тело и какви корисни ефекти може да даде, ако се применуваат специјалните масажни техники за негова обработка.

 

Повеќе во 40 број на Лајф магазин