Патуваме
Сјај без гламур
Првиот голем Салон за автомобили на европска почва традиционално се одржува секој март во Женева. Ниту во оваа 2010 година немаше отстапки, а годинашново 80., јубилејно издание навистина се покажа поинакво од досегашните.
На околу 120 илјади квадратни метри од 4 до 14 март во Женева се случи 80-тиот по ред Салон за автомобили. Двата претходни дена беа резервирани за 5500 новинари и автодилери од целиот свет.
По она што може да се види во осумте хали на Палекспо, финансиската олуја од светски размери...
...сепак не успеа да го залула угледот на Салонот
Hans Jurergen Fuchs, главен менаџер за односи со јавност на Форд
Производителите сакаат да веруваат дека минатогодишната финансиска криза, „го допрела своето дно“
Новото заштитно лице и амбасадор на Ауди, Џастин Тимбрлејк
Настапот на Шакира чија соработка со СЕАТ е обновена и ќе биде „слеана“ на нејзината предстојна петнаесетмесечна турнеја
Нештата толку бргу се случуваа, да едноставно останувате без здив...
Годинава 80 премиерни изданија
Eлектричните автомобили за кои мислевме дека се само дел од нашите фантазии, наскоро наше секојдневие
Рецесијата сепак е зад нас!
80-тиот по ред Салон за автомобили во Женева се случуваше на простор од 120 илјади квадратни метри
Ова е единствен салон на светот со највисок рејтинг...
Колекционерите, можеа да си набават оргинално изработени модели во ,,микро“ верзија...
...со почетна цена од 400 евра
Преку 5000 новинари, фоторепортери, сниматели...
Што понуди
80 e Salon International de l'auto –Geneve 2010? Пред се надеж. По исклучително тешката 2009 година, на овој саем, производителите покажуваат верба дека веќе излегуваат од кризата и со претставените над 80 светски и европски премиерни изданија, од 1.000 излагачи, потврдија дека повеќе нема место за опела и жални песни
. Кризата кај и да е мора да ослаби, а за она што доаѓа потоа, мора коњ за трка да се има. Сакаат да веруваат дека минатогодишната финансиска криза, „
го допрела своето дно“- како што ни изјави
Hans Jurergen Fuchs, главниот менаџер за односи со јавност на Форд, и дека „
до крајот на годинава повторно ќе се продаваат автомобили“. Тоа е чинам, и главната порака на овој саем.
Добар дел од моделите што во тие два дена ги видовме, на пазарот ќе се појават на есен, со што на некој начин би се забележала искра на позитивност во финансиското работење, на оваа чинам најмоќна светска индустрија.
Да се надополни пропуштеното мора навреме, па лансирањето на новитети е едно од оружјата со кои може да се одбранат од финансискиот удар. Пред се автомобили на струја... Безмалку ниту една компанија не остана ,,покуса“ за автомобил на иднината, поточно на она за кое се смета дека ќе мораме да го возиме за да ја сочуваме иднината на планетава. Не залудо Лук Донкерволке (главниот дизајнер на СЕАТ ) во однос на дизајнот ќе рече: „ Мислевме дека со ваквите автомобили дизајнот го префрламе во минатото, но згрешивме... постојат уште многу можности да се истражуваат на ова подрачје“.
По она што можеше да се види во осумте хали на Палекспо, финансиската олуја од светски размери сепак не успеа да го залула угледот на Салонот кој има веќе 105-годишна традиција. Но многумина во прес собата и ќе искоментираат дека годинава овој саем иако е со сиот сјај, го нема гламурот. Очигледно беше дека рецесијата си го зела својот данок во автомобилската индустрија.
Повеќе во 46-от број на LiFE магазин и на www . lifemagazin . com . mk