Ивенти

Пајонска свештеничка

Три и пол метри високата Пајонска свештеничка поздравува од платото пред Музејот на Македонија. Скулптурата е дело на вајарот Сретко Јованоски, кој бил инспириран од накитот пронајден на локалитетот Лисичин Дол - Марвинци, а ù припаѓал на свештеничка од 8-7 век пред нашата ера. Можеби елегантната Пајонска свештеничка ќе ве натера да ја посетите, а патем и да погледнете што уште нуди Музејот. А нуди многу. Патем, за Пајонската свештеничка и за ископувањата во Лисичин Дол може да се потсетите и од текстот објавен во 38 број на Лајф магазин.