Здравје
Вакцините - пресметан ризик?
Според
еден епидемиолог од Центарот за контрола и превенција на болести во Америка кој
анализирал над 100.000 деца, живиниот презерватив тиомерсал (C9H9HgNaO2S), кој се наоѓа во вакцините за деца, се чини дека е одговорен за
драматичниот пораст на аутизмот (развоен проблем
што се карактеризира со благо до изразено нарушување на комуникациските,
социјалните и другите вештини) и причина за други невролошки нарушувања
кај децата. Употребата на тиомерсалот се поврзува со проблеми со говорот,
проблемот со нарушување на вниманието, хиперактивноста и аутизмот. Употребата
на вакцините што го содржат овој презерватив кај екстремно мали деца ја
зголемува фреквентноста на појава на аутизам од едно дете на 2.500, на еден на
166 случаи.
Голем
број педијатри и имунолози во Америка се загрижени околу оваа бројка и не би
сакале наредните генерации деца да бидат изложени на ваков ризик.
Д-р Џон
Клементс, советник за вакцини од Светската здравствена организација, пак,
предупредува дека резултатите од оваа студија ќе бидат злоупотребени доколку
излезат надвор од групата на дискусија и дека со нив би требало внимателно „да се ракува“.
Подготви: М.П.Г