Под кожа
Маратонот е како и животот, одиш до крај
· Силвана БРКУЉАН
Лајф: Седум часа, четириесет и две минути и триесет и две секунди бевте во вода. Тоа е едно ,,убаво работно време“, кое може да мине брзо или неподносливо долго и досадно. Претпоставувам, студеното море и високите бранови можат да бидат проблем но и копнеж. Што се размислува во тие осум часа слеани од годините исполнети со напорни тренинзи?
Томи: Реално да кажам не размислував. Бев само концентриран на она што го работев многу напорно, долго пред Ла Манш. Секое утро станување во шест часот. Во шест и триесет веќе сум во вода. И така ден по ден. Притоа мораш да се соочиш со состојбите околу себе ако сакаш да постигнеш нешто. Јас се свртев и видов дека реално нема никој околу мене. Со околностите и состојбите ,,расчистив“ уште на почетокот од својата кариера, така да бев свесен дека само на себе треба и можам да се потпрам. Впрочем, јас морав да си бидам сам свој тренер, бидејќи за да можеме да разговараме со некого, тој треба да има дојдено до извесен стадиум, зар не? А такви на овие простори нема.
Лајф: Вашите пет минути се сега... Од 14 август во 13 часот и 47 минути, кога стапнавте на францускиот брег...
Томи: Петте минути се долги. Јас би рекол сега е круната. Во моментов сум петтти или шести на Светската ранг листа, успех кој светот знае да го почитува. Но јас тој успех никогаш го немав во ,,очите“ на Пливачката федерација, која никогаш не веруваше во пливачкиот маратон, што пак е доста чудно кога го имаме Охридскиот маратон, кој е дел од Светската Гран-при серија. Чудно, многу чудно. Федерација која има ваков маратон, мора да се грижи за своите представници и нивните успеси.
Ла Манш е идеа на секој маратонец. Но не секој може и да плива во студени води. Мојата желба не беше само да се преплива, туку и да се брка резултат. Мислам дека го имам осмото време, „на сите времиња“ кое заедно со мојот вкупен резултат на светската ранг листа, ми дозволува да си речам дека ја имам круната во маратонското пливање.
Повеќе во 40 број на Лајф магазин